Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип

Сподели со своите пријатели

Изминатата недела (од 14 до 20 октомври) во Куманово биле регистрирани вкупно 18 лица заболени од грип.

Loading...

Тоа е најголем број на заболени во Македонија во текот на 42-та недела од сезоната, а во целата држава, според статистиката на Институтот за јавно здравје, биле регисрирани 50 случаи.

– Во споредба со 42-ра недела од минатата сезона, (n=53), се регистрира намалување од 5,7%, додека во однос на моделот за последните 14 сезони (n=38), се регистрира зголемување од 31,9%, стои во извештајот на Институтот.

По Куманово со регистрирани 18 случаи, следуваа Гостивар со 16, Свети Николе – 7, Тетово – 5 и Кавадарци и Кочани – по два.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

– Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 38 лица, 5 лица се на возраст над 65 години, 6 се деца на возраст од 5-14 години и едно е дете на возраст од 0-4 години. Кумулативно, заклучно со 42-ра недела, пријавени се вкупно 106 случаи, се додава во извештајот.

Во истиот период дел од примероците биле тестирани и за присуство за коронавирусот, при што сите наоди биле негативни.

Никола Ивановски