Во Куманово гостува 21 – ва Меѓународна Кичевска ликовна колонија

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово,  во четврток, со почеток во 20 часот во ќе биде отворена изложба со дела изработени на 21-та Интернационална Кичевска Ликовна Колонија.

Loading...

Оваа реномирана ликовна колонија се реализираше во текот на месецот јули во 2014 година, во Куќата на уметноста, во местото Кнежино оддалечено 6 км. од градот Кичево. Учество на колонијата зедоа 27 уметници од 15 држави меѓу кои :Украина , Русија, Малезија, Јужна Кореја, Судан, Хрватска, Србија, Македонија…

Во текот на времетраењето на колонијата беа изработени 80 ликовни дела во повеќе техники и дисциплини: во најголем дел слики во техниките масло и акрил на платно, дела во комбинирани техники но и скулптури во метал и др.

Делата од 21 – та Интернационална Кичевска Ликовна Колонија досега беа претставени пред ликовната публика во Кичево, Скопје, Кавадарци и Велес а по презентирањето во Куманово продолжува со промоцијатаво Битола, Прилеп и Софија – Република Бугарија.

Leave a Reply