Во Харков и натаму се водат жестоки борби

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат жестоките борби во украинскиот регион Харков, но украинските сили постигнуваат добар напредок бидејќи нивните сили се многу мотивирани и нивната операција е добро испланирана, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Loading...

„Целта е да се ослободи регионот Харков, сите територии окупирани од Руската Федерација. Борбите продолжуваат. Сè уште е рано да се каже дека е воспоставена целосна (украинска) контрола врз регионот Харков“, Малиар. изјави во интервју за Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДНР: Тројца цивили загинаа во гранатирање на украинските сили

„Нашата сила доаѓа од фактот дека сме високо мотивирани и што темелно ги планираме операциите“, рече таа и додаде дека Украина одлучила да продолжи со операцијата во регионот Харков поради досегашните успеси.

Малиар ги даде коментарите на нејзиниот пат кон Балаклија, клучен центар за воено снабдување што украинските сили го зазедоа кон крајот на минатата недела за време на контраофанзивата.

Балаклија се наоѓа на 74 километри југоисточно од Харков, главниот град на регионот и вториот по големина град во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Русија нагло скокна продажбата на антидепресиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешниот говор изјави дека Украина повратила околу 6.000 квадратни километри територија, но го повика Западот да ја забрза испораката на системи за оружје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.