Стотици летови беа откажани во понеделникот на четири германски аеродроми поради прекин на работата на персоналот задолжен за безбедносните проверки, јавува Анадолија.
Меѓународниот аеродром во Берлин најави дека во понеделник нема да има комерцијални полетувања, што ќе влијае и на некои дојдовни летови.
Аеродромот откажа околу 200 летови, при што беа погодени 27.000 патници.
Од патниците се бара да контактираат со нивната авиокомпанија за да го дознаат моменталниот статус на нивниот лет.
Аеродромот во Хамбург, исто така, објави дека нема да има закажани полетувања во понеделник, а штрајкот најверојатно ќе предизвика откажувања и одложувања на пристигнувањата.
Откажани се повеќе од 120 летови кои полетуваат и најмалку 50 пристигнуваат, соопшти управата на аеродромот.
Големи прекини и откажувања на летови се очекуваат и на аеродромите во Бремен и Хановер.
Зголемување на платите во услови на инфлација, поголем надоместок за прекувремена и ноќна работа и подобрување на условите за работа бара синдикатот „Верди“.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.