Превентивна акција на СВР Куманово против користењето телефони во сообраќајот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при СВР Куманово се вклучи во меѓународната кампања „Focus on the Road“, која се спроведува од 5 до 11 октомври во 34 европски земји, со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за опасностите од користењето мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди.

Во рамки на кампањата, денеска во Куманово беше реализирана превентивна активност насочена кон возачите и пешаците кои користат мобилни телефони и други уреди додека учествуваат во сообраќајот.

 

 

Особено внимание е посветено на возачите кои користат мобилен телефон додека управуваат со возилото, но и на пешаците кои преминуваат преку пешачки премин со слушалки на ушите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дрва без жиг пронајдени во возило на 63-годишен кумановец, полицијата го привела

Од СВР Куманово посочуваат дека ваквото однесување го намалува вниманието и фокусот кон патот, со што се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и тешки последици.

 

 

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи и пешаци совесно да се однесуваат во сообраќајот и доследно да ги почитуваат законските прописи.

– Во наредните денови се до завршување на Меѓународната акција против сите несовесни возачи и пешаци кои не ги почитуваат законските  рамки и го загрозуваат својот и животот на други учесници во сообраќајот, кога користат мобилен слушалки или други електронски уреди, ќе се превземаат и законски казни за вакви несовесни учесници во сообраќајот, истакна началникот Младеновска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите се пренасочуваат кон „Краста“, пристигнува дополнителна механизација (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски