Во Европа во моментов се градат 1,5 милиони станбени единици, што е за 5,5 отсто помалку отколку во 2024 година и најниско од 2015 година.
Во Германија, пак, следната година, во најлошото сценарио, ќе бидат изградени само 175.000 станови, 15 отсто помалку од оваа година, според пресметките на аналитичката мрежа Еуроконструкт, а сумирани од Институтот Ифо од Минхен.
Според Ифо, членка на Еуроконструкт, позитивните сигнали доаѓаат главно од Северна Европа.
„Пазарите во нордиските земји значително закрепнуваат“, нагласи претставникот на институтот Лудвиг Дорфмајстер.
Во Шведска, завршената изградба на станови се очекува да се зголеми за 12 проценти оваа година.
Следната година, Данска (+28 отсто), Финска (+23 отсто) и Норвешка (+13 отсто) ќе водат во однос на завршените станбени проекти. Позитивен тренд бележи и Полска (+10 проценти).
Од друга страна, пад на завршената станбена изградба се очекува во Австрија (-9 проценти) и Франција и Италија (-3 проценти).
Негативниот тренд продолжува во Германија. Според најлошото сценарио, само 175.000 станбени единици ќе бидат завршени таму во 2026 година, 15 отсто помалку од очекуваното оваа година.
Закрепнувањето на пазарот во моментов се задржува поради високите трошоци за изградба, истакна Дорфмајстер.