Во Драгоманце расфрлани летоци, во Крива Паланка делени бонови за гориво

Сподели со своите пријатели

Во селото Драгомнаце во Општина Старо Нагоричане биле расфрлани летоци од политичка партија, додека во Крива Паланка се делеле бонови за гориво.

Loading...

– Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со  настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

Како што додаваат оттаму, извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени биле два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка.

– Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Никола Ивановски