Во четврток се отвара изложба на фотографии од Кокино

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток со почеток во 20 часот ќе биде отворена iзложба на фотографии “Кокино – Мистичен шепот низ вечноста“  од авторот Љупчо Илиевски.

Loading...

Изложбата содржи 26 фотографии и е дел од поголемата збирка од 50 фотографии којашто беше промовирана во повеќе светски центри.

Љупчо Илиевски е роден во Прилеп, а со фотографија се занимава од 1980 година. Фоторепортерот со долгогодишно професионално искуство и учество на многу домашни и странски изложби, има учествувано и во рекламата “Macedonia Timeless“ со фотографии од „Кокино Мистичен шепот низ вечноста”, Скопје