Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, преку повик од жител на с. Лопате – кумановоско на телефонскоит број 195, РЦУК е информиран дека кај војниот магацин блиску до селото, поточно во бунарот кој се наоѓа на таа локација, се појавиле шест змии.
Loading...
По добиената информација, надлежните од РЦУК се обратиле до Центарот за јавно здравје, од каде добиле повратен одговор дека центарот нема лица оспособени за справување со настанатата состојба, информира РЦУК во дневниот билтен.
Атарот на с. Лопате и околината беа погодени од поплави во изминатиот период, со едно лице пријавено за заболено од туларемија – жител на с. Опае.