Во просториите на градската библиотека ”Тане Георгиевски”, во среда со почеток од 20 часот ќе биде промовирана книгата “Професијата криминалист – интегритет и прагматичност” од Мирослав Андреевски.
Loading...
Книгата претставува научен труд од областа на безбедноста и криминалистиката во која Андреевски ги користи методолошките пристапи за проучување на безбедносните проблеми, а со тоа и самата професија криминалист, како и теориите својствени за нивно проучување.
Во тој контекст, авторот на оваа монографија презентира амбициозен и значаен научен труд од областа на безбедноста и криминалистиката во Р. Македонија.
Мирослав Андреевски е вработен на Факултетот за безбедност при Универзитетот ”Климент Охридски”.