Во 11 часот Заев ќе положи цвеќе во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Празникот Илинден ќе се одбележи и во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, со почеток во 11:00 часот. Свежо цвеќе ќе положи владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а во чиј состав ќе биде вицепремиерот и министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите за надворешни работи, за правда и за култура, Никола Димитров, Рената Десковска и Асаф Адеми.

Во 11:30 часот е предвидено обраќање на Премиерот Зоран Заев. Свеченоста во Пелинце ќе биде збогатена и со културна програма.

Свој настап ќе има хорот Вардар, ансамблот Танец ќе изведе неколку традиционални македонски ора, додека културно уметничко друштво Емин Дураку, ќе изведе сплет од албански песни и ора.

Leave a Reply