ВМРО-ДПМНЕ: Направивме многу отстапки, нема место за нови

Сподели со своите пријатели

На својата вчерашна редовна седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја разгледа политичката состојба во државата и донесе заклучоци, објавени на официјалната веб страна, во кои се вели дека во досегашниот тек на преговорите, ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи многу отстапки во правец на изнаоѓање на компромисно решение за политичката состојба.

Loading...

”ВМРО-ДПМНЕ во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори.

Oдносот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба истите да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех. Дополнително, политичката штета од негативните извештаи од меѓународните организации, како и можното губење на препораката за започнување на преговори со ЕУ е на листата на цели на СДСМ.

Трето, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес конференции ја манипулира јавноста.

Четврто, ВМРО-ДПМНЕ го поздравува напорот на претставниците на меѓународната заедница и уште еднаш потврдува дека стои и е спремна за имплементација на договорот од 2 Јуни, но нагласува дека нема намера да продолжи со отстапки на нелогичните барања на СДСМ. Промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, се вели во партиското соопштение објавено денес.