Секторот за нватрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.Н. (45) од Куманово, началник на Одделение за криминалистичко разузнавачка анализа при СВР Куманово, против Т.П. (40) од Куманово, началник на Отсек за прикриени човечки извори на информации при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“ во врска со продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Првопријавената и второпријавениот во текот на 2005 година стапиле во контакт со второпријавениот, бидејќи претходно имале завршено виша школа во Косово, и го поттикнале второпријавениот да ги запише на Педагошкиот факултет во Скопје и да им обезбеди уверение за завршен факултет. Третопријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во документацијата на Педагошкиот факултет и тоа во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани студенти незаконски оформил предмет со што им овозможил да се стекнат со уверение.
Со ова, на В.Н. на 02.09.2005 година и изготвил уверение за завршен VII-1 степен со што се здобила со стручен назив-дипломиран професор, додека на Т.П. на 29.12.2006 година му изготвил уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив-дипломиран професор
По ова, првопријавената и второпријавениот ваквите уверенија ги употребиле во правниот сообраќај како вистинити во Одделението за заеднички работи при СВР Куманово.