Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 33 степени целзиусови.
За денеска за Куманово е издаден и жолт метео аларм поради опасност од високи температури.
Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерено засилен ветер од исток и североисток.
Температурата ќе се движи од минимални 15 степени во утринските часови до максимални 34 во текот на денот.
Недела носи претежно сончево и топло време со мала облачност и умерен до засилен северен и североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целзиусови.
Од понеделник продолжува сончево и многу топло време, а во текот на следната недела се очекуваат и температури до 36 степени целзиусови.
Никола Ивановски