Викенд прогноза за Куманово: Ветровито, со пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу шест степени додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведен 21-годишник (ФОТО)

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и од 43 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 20 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела ќе се задржи претежно сончево време со температури над 20 степени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка. Полицијата ѝ пронашла пиштол на викендица.

Никола Ивановски