Викенд прогноза за Куманово: Продолжуваат пеколните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши 22. издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово (ФОТО)

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 36 степени целизусови.

 

 

Недела исто така носи сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 35 степени целзиусови.

 

 

Новата работна недела носи благ пад на температурите, но и натаму ќе останат над 30 степени.

Никола Ивановски