Заврши 22. издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со настапи на познати музички интерпретатори и тамбурашки оркестри од земјава и странство, вчеравечер на градскиот плоштад во Куманово се одржа 22. издание на традиционалниот Меѓународен тамбурашки фестивал.

 

 

Манифестацијата, која се одржа со поддршка на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт Куманово, беше отворена со пригодно обраќање на градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Тој го истакна значењето на фестивалот, кој со децении е дел од културниот живот на градот и претставува негов препознатлив заштитен знак.

 

 

Пред бројната публика настапија музички интерпретатори и тамбурашки оркестри од Македонија и странство, меѓу кои „Ла Банда“, Нина Стругар, ГТО „Плевља“, Т.О. „Табиет“, Наум Петрески, Нино Величковски, Виктор Димитриевски и Боби Амадеус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 31-годишен кумановец, возел со 1,78 промили алкохол

 

 

Пред почетокот на музичката програма, градоначалникот Димитриевски, заедно со претставници од општинската администрација, организираше прием за гостите учесници од Србија и Црна Гора, како и за домашните изведувачи.

 

 

По завршувањето на настапите, на учесниците и покровителите на овогодишното издание им беа доделени благодарници, во знак на признание за нивното учество, посветеност и поддршка во реализацијата на фестивалот.

 

 

Со тоа, Куманово го заокружи уште едно издание на фестивалот кој низ годините прерасна во традиционална музичка манифестација и место за среќавање на тамбурашката музика и нејзините љубители од регионот.

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва 22. издание на Тамбурашкиот фестивал во Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски