На градскиот плоштад во Куманово вечерва и утревечер ќе се одржи фестивалот на лимено-дувачки инструменти, Рома труба фест.
Фетсивалот ќе трае два вечери, со настапи на уметници од Македонија, регионот, но и Франција.
– Оваа година ќе имаме богата програма која што за прв пат ќе донесе оркестри кои не беа досега со нас. Првата вечер ќе имаме гости од Франција, кои втор пат ќе ни гостуваат, оркестарот „Louis Brandalous“ кои изразија желба да учествуваат на фестивалот, изјави Самет Салиевски од здружениот „Рушит Шакир“, организатор на фестивалот.
На првата фестивалска вечер од „Рома Труба Фест“ ќе настапат Оркестар „Кеми Асанов“ и Оркестар Кочани од Македонија, Оркестар Исидор Зечировиќ и Маријан Крстиќ од Србија, Панајот Кирилов од Бугарија, а специјален гостин ќе биде кумановецот Виктор Димитриевски.
Втората фестивалска вечер настапуваат Демир Кантуровски и Уска Кан Кантуровски Оркестар и Оркестар Бобан од Македонија, како и Екрем Мамутовиќ и Нови Надежи од Србија исто како и Оркестрот на Давид Антиќ.
Никола Ивановски

