Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки рабоит.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно, но и натаму релативно топло време.
Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу пет степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.
Облачно време ќе имаме и во недела кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ.
Температурите ќе се движат во интервал од минимални 8 до максимални 17 степени целзиусови.
Од понеделник ќе имаме и врнежи од дожд.
Никола Ивановски