Викенд прогноза за Куманово: Денеска два метео аларми!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце, но и за нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигне брзина и до 40 километри на час.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Чистота и зеленило“ со добивка од над 1,5 милиони денари во првиот квартал

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 24 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово и се издадени две метео предупредувања, едно за опасност од засилен ветер, а второто за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Во недела во кумановско ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, додека температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар ноќва гореше на депонијата Краста (ВИДЕО)

 

 

Од понеделник се очекува температурата да биде во пораст и повторно да достигне до 35 степени целзиусови.

Loading...

Никола Ивановски