Вештачката интелигенција предвиде како би изгледала принцезата Дијана денес (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вештачката интелигенција, велат, можела да предвиди одредени болести, успеала да го предвиди победникот на Евровизија, а сега покажала како денеска би изгледала кралицата на срцата, принцезата Дијана.

Loading...

Откако во 1997 година трагично почина по несреќа во тунел во Париз, цела Велика Британија, но и светот не успеаја да ја оплачат саканата принцеза Дијана.

Денес таа би имала 62 години, а многумина веруваат дека била единствена и способна да биде кралица.

На Инстаграм се појави фотографија од принцезата Дијана на која се гледа како би изгледала денес, а нејзините многубројни обожаватели не можеле да го сокријат чувството на тага што ја нема повеќе.

 

 

Пред оваа фотографија, дигиталниот уметник од Истанбул, Алпер Јесилтас, исто така создаде серија фотографии со помош на вештачка интелигенција наречена „Како ништо да не се случило“ и покажа како би изгледала Лејди Ди доколку ја избегнела несреќата кобната вечер во Париз.

Loading...

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alper Yesiltas (@alperyesiltas)

 

Новата фотографија се појави само неколку дена по крунисувањето на нејзиниот поранешен сопруг, кралот Чарлс за крал на Велика Британија, а на местото каде што беше Дијана, неговата сегашна сопруга Камила, која Дијана ја опиша во легендарното интервју за Би-Би-Си во 1995 година како трета личност во нивниот брак.

„Бевме тројца во тој брак, па беше малку гужва“, рекла принцезата

„Би сакала да бидам кралица во срцата на луѓето“, изјавила Дијана две години пред нејзината смрт.