Во своето последно обраќање во Обединетите нации пред да ја напушти функцијата следниот мај, Макрон рече дека светот е сведок на спектакл од кој сите треба да се срамиме, остро критикувајќи го претставувањето на Трамп на сопствениот мировен план за Газа како дипломатски триумф.
Тој зборуваше на Генералното собрание на Обединетите нации неколку часа откако Трамп го поздрави неговиот мировен план за Газа како дипломатски успех од истата говорница.
– Пред една година, токму во оваа сала, десетина земји ја признаа Палестина. Можам да го слушнам цинизмот на поединци: „Признавањето е само парче хартија, погледнете ја реалноста“ – рече Макрон удирајќи со тупаница по говорницата, а потоа продолжи:
– Но, каков кредибилитет имаме ако продолжиме да бидеме пасивни пред она што се случува во Појасот Газа? Некои се фалат со наводниот мир. Но, тој мир ниту за момент не го отвори повторно пристапот до хуманитарна помош. Дали едноставно ќе застанеме и ќе го гледаме спектаклот од кој сите треба да се срамиме?
Во својот претходен говор, Трамп потсети дека пред една година, кога се обрати и во ОН, „војната во Појасот Газа сè уште беснееше со сета своја жестокост“.
„Неколку недели подоцна, ја завршивме војната во Појасот Газа и спасивме незамисливи илјадници животи“, додаде Трамп.

