Во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и вечерва ќе се одржи протест пред зградата на Основниот суд во Куманово со цел да се побара повлекување на претседателот Ѓорге Иванов од неговата функција, но и повлекување на аболицијата.
Протестот ќе започне во 19 часот, а од пред зградата на судот истиот ќе продолжи со марш низ улиците во централното градско подрачје, при што ќе има селективно затворање на сообраќајот.