Вечерва изложба на дела од колонијата „Куманово 2021“

Сподели со своите пријатели

Кумановци вечерва во лапидариумот на Националната установа Музеј ќе имаат можност да ги разгледаат делата кои ги изработила уметниците од меѓународната ликовна колонија „Куманово 2021“, информираа денеска од НУ Музеј.

Loading...

На изложбата ќе биде презентирана целокупната продукција изработените дела од минатата година во Меморијалниот комплекс на АСНОМ во Пелинце.

Отварањето на изложбата е закажано за 20 часот.

– Ќе бидат изложени повеќе од 30 ликовни дела, слики, масло на платно и комбинирани техники од 15 академски ликовни уметници, учесници на колонијата во 2021 година, како од државата така и од регионот, Србија, Бугарија, Хрватска и БиХ. Лани, на колонијата учествуваа, Тања Темелковски Соларска, Ивана Тушевска, Стефан Младеновски, Марија Трајаноска, Мирослав Величковски, Ивана Настески Дејан Божиновски, Јелена Враговиќ, Небојша Ѓурановиќ, Владимир Илиќ, Маријана Ракичевиќ и Звездана Ѓериќ, Леа Цепиќ, Панта Пантиќ и Небојша Станков. На вечерашнава изложба како гости ќе учествуваат и годинешниве учесници на ликовната колонија 2022 кои во моментов работат и творат во колмекот „Грација“, информираа од НУ Музеј.

Ликовната колонија „Куманово“ е финансиски поддржана од Министерството за култура и од општина Куманово. Таа бележи континуирана активност од 1974 година со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата.

Досега на колонијата поминале голем број на реномирани автори од земјава и од светот кои оставиле богат фонд на дела кој ја надминува бројката од 600 слики и скулптури.

МИА