Ужасен факт: Околу 1.900 деца во Етиопија умреле од глад во изминатата година

Сподели со своите пријатели

Најмалку 1.900 деца помлади од пет години починале во изминатата година од неухранетост во регионот Тигар во Етиопија за време на вооружени конфликти, покажа студијата спроведена од регионалните здравствени служби.

Loading...

Смртта на деца е регистрирана во здравствените установи низ Тигар од јуни минатата до 1 април оваа година, но Западен Тигар, кој е под контрола на силите од соседниот регион Амхара, не е вклучен во истражувањето, пренесува АП.

 

САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем сајбер напад

 

Лекар кој работел на студијата рече дека реалниот број на смртни случаи кај неухранетите деца е веројатно поголем бидејќи многу семејства не можеле да ги донесат своите деца во здравствените домови поради проблеми со транспортот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици илјади луѓе протестираа во Аргентина

– Бидејќи не можеме да пристапиме до повеќето области, не знаеме што се случува на ниво на целата заедница. Тоа се смртни случаи кои успеавме да ги евидентираме во здравствените установи, но најголем дел од смртните случаи предизвикани од неухранетост останаа неевидентирани – изјави докторката која побара анонимност поради страв од одмазда.

 

Loading...

На Хаити падна авион на прометна улица, најмалку шест лица загинаа

 

Тигar е отсечен од остатокот од Етиопија од јуни минатата година, кога борците на Народноослободителниот фронт Тигреј (TPLF) повторно зазедоа голем дел од регионот по повлекувањето на федералните сили.