На Хаити падна авион на прометна улица, најмалку шест лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Мал авион се урна денеска на прометна улица во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, при што загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и пилотот.

Loading...

Авионот полетал од аеродромот Порт-о-Пренс кон градот Жакмел на Хаити и по дваесет минути пилотот испратил предупредување дека моторот им се расипал, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Џуд Едуард Пјер, градоначалник на Карфур каде што се урна авионот изјави дека шест лица загинале.

Сочувство до семејствата на жртвите преку Твитер изрази премиерот Ариел Хенри.

На социјалните мрежи беа објавени снимки од несреќата на кои се гледаат телата на загинатите, а се чини дека повеќето од жртвите биле случајни минувачи.