Судијката Љубинка Башевска за утре го закажа судењето за „Пуч”.
Според обвинението за „Пуч”, Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и тонско снимање за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски и ќе одговара за неовластено прислушкување и шпионажа.
Укинат е притворот за Соња Верушевска и Бранко Палифров, обвинети во истиот случај. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција во скопскиот Кривичен суд му го укина притворот на петообвинетиот во случајот „Пуч”, Бранко Палфиров и куќниот притвор на третообвинетата Соња Верушевска. Верушевска и Палифров понудиле гаранции во недвижен имот.
Двајцата обвинети во случајот „Пуч”, понудиле гаранции во недвижен имот дека нема да бегаат и ќе присуствуваат на судскиот процес, а како превентиван мерка одземени им се и пасоштите.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи.