Утре започнува 5. издание на фестивалот „ФИЛМАЈ“

Сподели со своите пријатели

„ФИЛМАЈ” 2023 фестивалот на краток филм – Куманово ќе се одржи на 30 и 31 мај 2023 (вторник и среда), во Занаетчиски дом – Куманово.

Loading...

Двете вечери на петтото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот.

На ФИЛМАЈ 2023 ќе бидат прикажани 16 филма. Наградени филмови се новозеландскиот `Дацун` режиран од Марк Албистон, српскиот `Ѕвер` со Јуриј Искаков како директор на фотографија, ‘Сеќавање на брза бура’ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм `Проблемот на Тина`,  и `Помеѓу зборовите` од Луксембург како најдобар краток филм .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се: хрватскиот ‘Железна уста’, ‘Досие’ (Иран), ‘Цреши’ и ‘Техно, мама’ од Литванија, мексиканскиот ‘Онан’, ‘Никој’ (Португалија), ’40 минути’ и ‘Ден за капење’ од Русија, швајцарско-францускиот ‘Ферплеј’, и шпанските ‘Клаудија’ и ‘Хелено’.

Влезот ќе е бесплатен за посетителите.

НАПОМЕНА: Не се препорачува присуство на малолетни лица, бидејќи некои од филмовите содржат стилизирана експлицитност (крв, насилство, голотија, секс).

Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Интегрално соопштение

Loading...