Во Салонот на Уметничката галерија при НУ МУЗЕЈ – Куманово на утре од 19:30 часот ќе биде отворена изложба на дела „Кумановски ликовни уметници 2022“.
Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј – Куманово, и е под покровителство на Министерството за култура на Р.С. Македонија и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово ( Ноемвриски денови 2022).
Изложбата има традиционален карактер и секоја година се организира по повод 11 ноември – Ден на ослободување на град Куманово.
Оваа година на изложбата учество зеде 21 ликовен автор од градот, од најстарата до најмладата генерација. Се претставија со по едно дело на слободна тематика. Поставката ја сочинуваат слики изработени во најразлични ликовни техники, графики и просторни инсталации, вели Драгана Спасковска од кумановскиот музеј.
Учество зедоа: Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ, Страхил Петровски, Марина Цветановска Мартиновска, Александар Величковски, Зоран Јакимовски, Стефан Анчевски, Марија Величковска, Гоце Божурски, Ана Јовановска, Мухамет Идризи, Деа Салихи, Валентина Илијевска, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски, Акиме Насуфи Реџепи, Стефан Јакимовски, Симона Јакимовска, Игор Андреиќ, Трајан Трајковски и Мирослав Величковски.
Изложбата ќе ја отвори Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
За сите љубители на ликовната уметност, истата ќе биде поставена до 22 ноември, 2022 година.