Утре се очекува пуштање на бајпасот за вода кон ЈП „Водовод“

Сподели со своите пријатели

Бајпасот кој обезбедува дополнителни количини вода за корисниците на Куманово се очекува да биде пуштен во употреба утре, информираше денеска директорот на АД Водостопанство „Кумановско – липковско поле“, речиси истовремено додека на седницата на Советот на Општина Куманово говореше директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски.

Loading...

Стојмановски одговарајќи на советничко прашање рече дека ЈП „Водовод“ генерира високи сметки за струја бидејќи од минатата година не функционира бајпасот од Водостопанство.

– Тоа значи дека тие количини што ги добивавме преку бајпас, а тоа се околу 100 литри во секунда мора да ги надополниме од сопствени извори, а тоа значи дека треа да ги вклучиме пумпиме во Проевце и Бедиње. Со тоа дојде до рапидно зголеување на потрошувачката на електрична енергија. Како споредба само во јануари месец 2021 година имавме испорачано од Водосстопанство 633.710 метри кубни вода, за истиот период годинава имаме 235.598 литри вода, што е за 2,5 пати помалку, рече Стојмановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

За да се надмине тој проблем вели директорот, морале да се ангажираат изворите во Проевце и Бедиње, но во комбинација со покачената цена на електрична енергија, сметката што пристигнала изнесувала над 7 милиони денари.

Бајпасот, појаснува тој, е исклучен на 25 ноември 2021 година.

Loading...

Од друга страна, во изјава за државната МИА, директорот на Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ Оливер Илиевски потенцира дека интензино се работи на санирање на дефектите на бајпасот кој ќе биде пуштен утре.

– Планираме утре да се пушти „бајпасот“, за дотур на вода, за да може јавното претпријатие „Водовод“ да не користи вода од алтернативните бунари Бедиње и Проевце, да не користи електрична енергија за овие пумпи и да се заштеди. Тоа е приоритет во моментов, изјави Илиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

Покрај тоа, како што појаснува тој, во моментот екипите на Водостопанство, работат и на дефектите на три други гранки во пресрет на претстојната сезона за наводнување.

Исполнетоста на акумулациите Глажња и Липково од каде градот се снабдува со вода е на половина од вкупниот капацитет, со што Илиевски уверува дека вода за пиење ќе има непречено, но земјоделците ќе ја користат рестриктивно.

Никола Ивановски

Loading...