Утре премиера на детската претставата „Црвенкапа“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На малата сцена на НУЦК „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 18 часот кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Црвенкапа“.

Loading...

Како што информираше денеска директорот Сашо Тодоровски, подотовките се започнати во текот на изминатите два месеци.

– Се надеваме дека ќе има интерес како и за секоја детската претстава. Се надеваме дека кумановската публика ќе биде задоволна, станува збор за една млада театарска екипа која вложи се од себе за да излезе оваа претстава и сигурен сум дека ќе има одѕив кај публиката, рече Тодоровски.

 

 

Во претставата играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Бојана Краљевска.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска во изведба на Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена откако ја удрил автомобил

Актерот Никица Јанковски кој го игра ликот на волкот, вели дека станува збор за приказна со која секое дете барем еднаш заспало со Црвенкапа и таа е важна за децата.

– Сите некако низ животот понатмау се истоветуваме и никогаш не минуваме така непрелажани, но приказната е важна да се види и сметам дека е добра, оти е сон на секое дете кое го имало, кое макар еднаш има заспиено со оваа приказна. Ова е една од моите омилени бајки, а сега и преточена во претстава, вели тој.

 

 

Актерката Александра Михајловска ќе се најде во улогата на Црвенкапа. Таа вели дека секогаш е задоволство да се игра во детски претстави.

– Процесот ни беше многу убав. Ова е млада екипа, а имаме копродукциски договор, соработувавме со нашите колеги кои исто така се од Куманово, а не се вработени во нашиот ансамбл. Прв пат правиме претстава за деца на малата сцена во Центарот за култура и тоа е интересно затоа што децата ќе бидат многу поблиску до нас, вели Михајловска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Оваа седмица без врнежи

 

Loading...

 

Актерката Владанка Крстевска вели дека целта е првично да се едуцираат децата, оти театарот не е само за забава, туку и за едукација.

– Сметам дека оваа претстава ќе роди само поголема желба кај нашата млада публика да доаѓа често во театар и дека тоа ќе креира навики кај нив млади луѓе да се креираат во индивидуи кои го сакаат театарот, вели Крстевска.

 

 

Претставата е во режија на Бојана Краљевска, според која, станува збор за безвременска сказна со порака и поука за најмладата публика.

Loading...

 

 

На сцена ќе се приклучи и актерката Анастасија Величковиќ која вели дека како најмлад член во екипата, чувствува дека е важно да се разбуди детето во сите нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Оваа седмица без врнежи

– Да се вратиме на игрите кои некогаш сме ги играле и да ги оживееме и на тој начин да се приближиме до дечињата што ќе не гледаат, изјави Величковиќ.

 

Loading...

 

Јован Цветковиќ е композитор на музиката за оваа театарска претстава, кој иако има исукуство во својата област, прв пат се пробува како композитор за театарска претстава.

– Да се прави детска музика е многу интересно и забавно да се компонираат такви весели теми. Јас уживав правејќи го тоа и ми е многу драго што ме поканија, се надевам на успешна претстава, додаде тој.

 

Loading...

 

Утрешната претстава е веќе распродадена, а наскоро ќе биде закажена и првата реприза.

Никола Ивановски