Естонија ги затвора сите гранични премини со Русија на шест месеци

Сподели со своите пријатели

Естонскиот премиер Кристен Михал денес изјави дека почнувајќи од 1 декември, Естонија ќе го прекине сообраќајот на сите патни гранични премини со Русија на шест месеци поради безбедносни причини и честите непријателски активности на Москва.

Одлуката се однесува на сите пет патни гранични премини – Нарва 1, Нарва 2, Коидула, Лухама и Сааце, и ќе биде разгледана по шест месеци со цел да се процени дали е потребно да се продолжат или променат воведените мерки, објавува ERR.

Михал на прес-конференцијата рече дека неодамна се регистрирани неколку последователни напади од Русија врз Естонија и дека нема индикации дека таквите активности ќе бидат намалени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Техеран ѝ се закани на Европа: Целите ќе бидат земји кои обезбедуваат бази за напади врз Иран

„Општата слика е дека непријателските дејствија на Русија не се намалуваат на никаков начин“, рече естонскиот премиер, додавајќи дека дури и во Европа нема индикации дека пристапот на рускиот претседател Владимир Путин се променил.

Тој изјави дека естонските безбедносни служби регистрирале повеќе од 10 различни напади насочени против Естонија во текот на претходните години.

Во наредните недели, естонската влада ќе разгледа мерки за ублажување на последиците од затворањето на границата за жителите на југоисточниот дел од земјата и областа Ида-Виру.

Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна, изјави дека одговорноста за затворањето на границата е на Русија и дека одлуката не е поврзана само со најновиот обид за саботажа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападите на Украина врз Кримскиот мост ја отежнуваат руската логистика

Според претходните изјави на естонските власти, одлуката за затворање на преминот следеше по сомнителен палеж на естонска одбранбена компанија, за што Талин ја обвини Москва.

Естонските власти проценуваат дека руските напади врз Естонија и другите европски земји стануваат сè поинтензивни, а Михал, исто така, предупреди на обидите на Москва да влијае на претстојните парламентарни избори во Естонија, пренесува Танјуг.