Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека бил агресивен и се заканувал на својата ќерка.
– На 19.11.2026 во 19:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С.(54) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата 30- годишна ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

