Две лица се убиени, а најмалку четворица се повредени во утринскиот руски напад врз украинскиот град Лвов.
Како што објави украинската новинска агенција Укринформ, ова го објави на Телеграм градоначалникот на Лвов, Андриј Садови.
„Две лица се убиени во утринскиот напад врз Лвов. Има и повредени. Изразувам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Билетарницата на железничката станица Скнилив исто така беше погодена во нападот“, напиша Садовиј.
Тој изјави дека спасувачите и другите служби за итни случаи се на терен и најави дека ќе објави дополнителни информации штом ќе бидат достапни проверени податоци.
Гувернерот на регионот Лвов, Максим Козицки, прецизираше дека, покрај двете лица кои загинаа во рускиот напад врз железничката станица Скнилив, повредени се најмалку четворица цивили.
Лвов се наоѓа на западот на Украина и е оддалечен околу 70 километри од границата со Полска.

