Ракометарите на Куманово го пречекуваат РК Бутел

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат составот на РК Бутел во рамките на 11. коло од домашната ракометна Супер лига.

– Нашите ракометари повторно ќе истрчаат на теренот со јасна цел – да го дадат максимумот, да се борат за секоја топка и заедно, како еден тим, да стигнат до позитивен резултат. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар, во кој секој напад, секоја одбрана и секој постигнат гол ќе имаат големо значење, велат од МРК Куманово од каде повикуваат на поголема поддршка од трибините.

Од досега одиграните 10 натпревари, Бутел има две, а Куманово една победа, и се наоѓаат на 9та, односно 10та позиција во табелата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автомобил излетал од патот Куманово - Свети Николе, повредена 21-годишна девојка

Утрешната средба се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток од 18:30 часот.

Никола Ивановски