За еден месец Владата на Република Македонија веќе по четврти пат ќе се задолжи кај домашните кредитори, а станува збор за 813 илјади евра кои би се обезбедиле преку издавање на државни хартии од вредност.
Висината на износот од овој заем кој Министерството за финансии ќе го побара утре од домашните кредитори е идентичен со оној кој достасува за враќање веќе во среда за стари долгови.
Дел од овие 813.000 евра ќе треба да се вратат во мај годинава, а дел во 2026 година.
Во јануари беа одржани три аукции преку кои Министерството за финансии од домашните банки, пензински друштва, фондови, осигурителни компании и други домашни кредитори се позајми 32 милиони евра повеќе од колку што требаше.