Куманово утре одбележува десетгодишнина од загинувањето на осум припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље.
По тој повод утре со почеток од 11 часот во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово ќе се одржи панихида во нивен помен, иннформираше Предраг Петрушевски – Бинго, претседател на Здружение на бранители Куманово.
Еден час подоцна, пред спомен плочата поставена во нивна чест пред зградата на Секторот за внатрешни работи Куманово ќе се положи свежо цвеќе и ќе биде изложена Книгата на жалост.
Организатори, како што информираше Бинго, се група соборци со поддршка од ПИ Гоце Длечев на ВМРО-ДПМНЕ.
Засега нема најава дали некој од државниот врв ќе дојде да им одаде почит на паднатите бранители.
Во акцијата на безбедносните сили во кумановската населба Диво Насеље на 8 и 9 мај 2015 година животот храбро го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Никола Ивановски