Поради опасност од недостаток на одредени крвни групи, Црвен крст Куманово утре организира крводарителсак акција.
Loading...
Целта на акцијата е, како што велат во соопштението, „преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд“.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв, стои во повикот.
Крводарителската акција ќе се реализира на 05.09.2024 година (четврток) во просториите на Црвен крст Куманово од 10 до 15 часот.
Никола Ивановски