Лепа Брена на 29. август на Градскиот стадион во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Општина Крива Паланка официјално го најавува еден од најголемите музички настани во поновата историја на градот. На 29 август, на Градскиот стадион во Крива Паланка, ќе настапи најголемото музичко име на Балканот – Лепа Брена.

Легендарната музичка ѕвезда, чии песни со децении ги обединуваат генерациите низ целиот регион, ќе приреди концертен спектакл во Крива Паланка, исполнет со безвременски хитови и незаборавна атмосфера.

„Крива Паланка уште еднаш потврдува дека е град на големи настани и незаборавни доживувања. Со особена чест ја најавуваме Лепа Брена, музичка икона која оставила неизбришлива трага на балканската сцена. На 29 август нашиот град ќе биде центар на музичките случувања во регионот и уверен сум дека сите заедно ќе бидеме дел од вечер што долго ќе се памети“, изјави градоначалникот Митовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22-годишник натепан во Куманово поради недоразбирање во сообраќајот

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека овој настан е уште една потврда дека градот прераснува во препознатлив центар на големи културни и музички случувања.

Одбројувањето започнува. На 29 август сите патишта ќе водат кон Крива Паланка, каде публиката ќе биде дел од концертен спектакл што долго ќе се памети.

Интегрално соопштение