Третмани против ларви на комарци и крлежи ќе се спроведат на територијата на Општина Куманво утре и во среда.
Како што информираат денеска од Општина Куманово во вторник во период од 08:00 до 16:00 часот ќе се врши третман на ларвицидна дезинсекција.
– Со цел уништување на ларвите на комарците на застоени води на територијата на општина Куманово, при извршување на третманот ќе се користи препаратот BIOPREN 4GR, со активна материја S-METHOPRENE, велат од општината.
Паралелно во вторник, но и во среда, ќе се врши третман против крлежи. Дезинсекцијата ќе се спроведува во раните утрински часови во период од 05:00 до 08:00 часот.
– Со дезинсекција против крлежи ќе бидат опфатени јавно – прометни зелени површини на следниве локации: Градски парк, „Октомвриска револуција” (Градски кеј и Ординација „Д-р Бато”), „Тоде Думба” (Кошеви), Спомен Костурница, двата градски плоштади и Соколански парк. При извршување на третманот ќе се користи препаратот ЦИМИНА ПЛУС, со активна материја CIPERMETHRIN, потенцираат надлежните.
Во случај на неповолни временски услови за извршување на третманите за дезинсекција, истите ќе бидат одложени до наредниот поволен ден.
Никола Ивановски