Утре авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

На територијата на Општина Куманово во петок, 3 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци.

Од Општината информираат дека третманот ќе започне во 5 часот и ќе опфати површина од 1.270 хектари.

Со прскањето ќе бидат опфатени течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и прочистителната станица на ЈП „Водовод“ во село Добрашане.

За третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Од Општина Куманово апелираат до пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени откако нападнале 57-годишен кумановец

Доколку временските услови не дозволат спроведување на третманот во предвидениот термин, авионското прскање ќе биде реализирано првиот нареден ден со поволни временски услови.

Никола Ивановски