Уште еден сојузник на Зеленски поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко денеска соопшти дека поднел оставка.

Loading...

Како што напиша на апликацијата Телеграм, тој побара од шефот на државата Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко.

Според извори на „Украинска Правда“, неговото место би можел да го заземе шефот на управата на киевскиот воен округ Олексеј Кулеба.

Шефовите на воените регионални администрации на Суми, Дњепропетровск, Запорожје и Херсон наскоро ќе поднесат оставки, пишува украински весник.

Во неодамнешното обраќање, претседателот на Украина најави многу „кадровски решенија“ на сите нивоа на власта и во безбедносните сили, пренесува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.