Англо-холандската мултинационална нафтена компанија „Шел“ објави рекорден годишен профит откако цените на енергијата се зголемија минатата година од почетокот на војната во Украина.
Вкупната добивка во 2022 година изнесува 39,9 милијарди американски долари и е двојно поголема од добивката забележана во 2021 година и е најголема во историјата на компанијата, која е основана пред 115 години, пренесува Би-би-си.
Извршниот директор на Шел, Ваел Саван, рече дека најновите резултати на компанијата „ја демонстрираат силата на диференцираното портфолио на Шел како способност за испорака на витална енергија на клиентите ширум светот“.
Енергетските компании забележаа рекорден профит откако цените на нафтата и гасот се зголемија по пандемијата на коронавирус и почетокот на војната во Украина.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.