Уште еден многу силен земјотрес ја погоди Грција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 3 февруари 2025 година во 10:29 часот во Грција.

Loading...

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Додеканезите.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,1 километар под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

За потсетување, серија силни земјотреси во последните 24 часа се регистрирани во областа Санторини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приштина во неволја: Одлуката на Трамп замрзна милиони евра помош од УСАИД