Уште еден глечер се распадна на парчиња: Антартик се загрева уште побрзо

Сподели со своите пријатели

Глечер со големина на градот Тампа, Флорида, се раздели и падна на западниот дел на Антарктикот.

Loading...

Според научниците, ова го очекувале затоа што веќе неколку месеци набљудувале две големи пукнатини на тој глечер, пренесува Вајс, додавајќи дека глечерот се распаднал во мали делови откако се отцепил од ледениот брег.

Климатските промени водат кон недостаток на пчели

Ваквите појави, велат научниците, делови од големиот глечер да се одделуваат стануваат сè почести.

Европската вселенска агенција забележа две големи пукнатини во тој глечер минатата година, а изминатиот викенд се виде одвојувањето.

Пред да дојде до драматичното затоплување на климата, ваквите појави се случува еднаш на четири години, а сега се случуваат еднаш годишно, велат научниците.

Пливаше под мразот на Антарктик поради климатските промени (ФОТО)

Исто така додават дека делови од Антарктикот се затоплуваат побрзо отколку во остатокот од светот, а научниците на ООН сметаат дека топењето на мразот е првиот знак за неповратни климатски промени.

Loading...

Пајн ајленд, на кој се случи ова, е еден од најголемите глечери што научниците го проучуваат, а се додава дека се очекува глечер двојно поголем од Њујорк да се раздели за неколку дена, затоа што во него се забележани пукнатини.

Leave a Reply