Српски државјани приведени на Табановце: Дивееле по македонските патишта!

Сподели со своите пријатели

Двајца српски државјани биле лишени од слобода на Граничниот премин Табановце бидејќи возеле со брзина од 169, односно  175 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80.

– На 18.10.2026 во 19:05 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.З.(36) од Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при проверка на патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, кое го управувала, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници натепани со метален предмет од врсници во Куманово

– Имено, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија – Гевгелија, го управувала возилото со брзина од 169 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час, стои во соопштението.

Во вториот случај приведен бил 58-годишник, исто така од Србија.

– На 18.10.2026 во 22:45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода В.Ж..(58) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од скопско приведени при обид за кражба во Куманово

Според полицијата, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија – Гевгелија, го управувал возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Никола Ивановски