48-годишен кумановец ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

– На 18.10.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.А. (48) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој нападнал обезбедување во казино