Ураганот Иан денеска го погоди брегот на Јужна Каролина, еден ден откако предизвика огромна материјална штета на Флорида, предизвика човечки жртви и зароби многу луѓе во нивните домови, пренесува Ројтерс.
Иан моментално е ураган од прва категорија со ветрови од 120 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Покрај Јужна Каролина, се очекува да ги погоди и Северна Каролина и Џорџија и да предизвика поплави опасни по живот, силен ветер и голем бран.
Штетите на Флорида се уште се проценуваат, а не е познат конечниот број на загинати.
Ен-Би-Си објави дека загинале 10 лица, а Си-Ен-Ен дека животот го загубиле 17 лица.
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Јан може да биде еден од најсмртоносните урагани во историјата на Флорида и дека прелиминарните извештаи укажуваат на висок број на жртви.
Повеќе од 2,3 милиони домови и деловни објекти останаа без струја по налетот на Иан, потсетува Радио Слободна Европа.