Поплавите од ураганот Иан го поплавија приземјето на болницата ХЦА Флорида Фосет во Порт Шарлот, а силните ветрови потоа го разнесоа покривот на четвртиот кат, каде што се наоѓа одделението за интензивна нега.
Болничкиот персонал мораше да ги евакуира најсериозните пациенти, од кои некои се на респиратори, на други катови.
Сите пациенти на болницата морале да бидат префрлени само на два централни ката поради големите штети што беа предизвикани.
Working through #hurricane #ian in Port Charlotte.
Received this video from my sister who’s on call at the local #hospital #Hurricane_Ian #MedTwitter #medicine #doctor #florida #HurricaneIanupdate #dedicated pic.twitter.com/csyEglbvn0
— Heidi Goldstein, M.D. (@HVGoldsteinMD) September 28, 2022
„Не го очекувавме ова“
„Не очекувавме дека невремето ќе го тргне покривот од четвртиот кат“, изјави др. Биргит Бодине, која ја поминала ноќта во болница.
Таа додаде дека не знае каде ќе ги сместат луѓето кои можеби се повредени во поплави и налети на ветер.
Брзата помош може да почне да пристигнува наскоро, а не знаеме каде ќе ги сместиме пациентите, изјави др. Бодине.
hospital in Port Charlotte after Hurricane Ian hit Florida.#Ian #hurricane #Florida #StormSurge #HurricaneIan #naplesflorida #naples #Hurricane #HurricaneIanpic.twitter.com/DTFd4AKids
— Harish Deshmukh (@DeshmukhHarish9) September 29, 2022