Вистински хаос се случува во моментот на унгарската граница близу местото Рошке, каде агресивна маса на бегалци кои пристигнале на преминот, се обиделе да ја прескокнат оградата и да навлезат на унгарска територија, јавуваат унгарските медиуми.
Масата бегалци кои доаѓаат од Србија беа спречени да навлезат на унгарска територија, откако од вчера Унгарија донесе одлука за целосно затворање на коридорите, по што некои бегалци беа пренасочени кон Хрватска каде во моментот трае прифатот на бегалците.
Според изјавите на унгарската полиција публикувани на официјалната веб страна, уништената капија веднаш била опкружена со жив полициски штит, додека масата бегалци фрлале камена и флаши кон нив.
https://youtu.be/btVNCYrfgkw
Во спречување на поголем инцидент, полицијата користела и солзавец близу Хоргош каде помала група на мигранти се обидела да ја помине оградата, викајќи отворете ја границата.
Полицијата употребила и водени топови и хеликоптери.
Репортерите од терен јавуваат дека унгарската полиција користи и вод за борба против тероризам, а хеликоптерите нон стоп ја надлетуваат граничната линија.
https://youtu.be/lgmiWvKmQ18
– Илјадници бегалци, меѓу кои жени и деца, поставуваат кампови покрај патот, а на повидок се и нови групи кои пристигнуваат во Рошке, пишува МТИ.